Вооружените сили во Бугарија се стекнаа со широки овластувања во борбата против тероризмот

Според промените во законот, војниците по потреба ќе можат да приведат сомнителни лица и да употребат сила

631412
Вооружените сили во Бугарија се стекнаа со широки овластувања во борбата против тероризмот

Парламентот на Бугарија со промените во законот на вооружените сили им даде широки овластувања во борбата против тероризмот.

Според промените, војниците по потреба ќе можат да приведат сомнителни лица и да употребат сила.

Воениот персонал ќе може да врши претрес по куќите и автомобилите, да ги заплени доказните материјали и да употреби оружје при извршувањето на овие задачи.

Овластувањето ќе може да се примени само во рамките на санкциите за спречување на евентуални терористички напади или извршени напади.

Според новите имплементации, секој кој ќе помине преку контролните пунктови кои се наоѓаат под контрола на армијата, ќе може да биде претресен.

Не само осомничените, туку истовремено ќе можат да бидат приведени и сите оние кои ќе ги попречуваат активностите на безбедносните сили за воспоставување на безбедноста.

Војниците ќе можат да ги запленат приватните предмети на оние кои немаат лична карта или друг документ за утврдување на идентитетот како и сомнителните лица.

Војниците ќе можат да извршат претрес на приватните имоти без дозвола на сопственикот.

Во случај на потреба, воениот персонал ќе може да употребува обучено куче, пендрек, хемиски материи, пластични куршуми, оклопно возило и друга опрема.

Во случај на евентуална терористичка закана ќе може да се формира кризен центар под покровителството на владата кој ќе ги координира санкциите.

Во рамките на кризниот центар кој ќе функционира под раководството на Министерот за внатрешни работи ќе биде назначен и републички обвинител.

Активностите на кризниот центар ќе бидат доставени во вид на извештај до премиерот, претседателот на парламентот и претседателот на републиката.



Слични вести