ДИК: Победник на парламентарните избори е ВМРО-ДПМНЕ со 51 пратеник, а СДСМ освои 49 пратеници

Победник на предвремените парламентарни избори во Македонија со освоени 51 пратенички мандати е ВМРО-ДПМНЕ, додека опозицискиот СДСМ освои 49 пратенички места, објави Државната изборна комисија (ДИК) на Република Македонија

629075
ДИК: Победник на парламентарните избори е ВМРО-ДПМНЕ со 51 пратеник, а СДСМ освои 49 пратеници

Државната изборна комисија (ДИК) на Република Македонија синоќа во доцните часови со конференција за печатот ги објави и првичните неофицијални резултати од одржаните предвремени парламентарни избори во недела за бројот на пратеничките мандати во Собранието.

Според тоа коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 51 патенички мандат, коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ освои 49 мандати, ДУИ 10 мандати, БЕСА освои 5 мандати, коалицијата Алијанса на Албанците 3 мандати и ДПА освои 2 мандати.

Владејачката коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 454.253 гласови (38,12%), додека СДСМ освои 436.790 гласови (36,66%) .

Победник во албанскиот политички блок пак е ДУИ со 10 освоени пратенички места. Беса освои 5 пратеници, Алијансата за Албанците 3, а ДПА 2 пратенички места.

На изборите во 6 изборни единици на територијата на Република Македонија во избирачкиот список беа заведени вкупно 1 милион 784 илјади 416 бирачи од кои своето право на гласање го искористија 1 милион 191 илјада 521 бирач, додека 37.812 гласачки ливчиња беа неважечки. 

Процентот на учество на изборите изнесуваше 66,82-насто.

Турците во Македонија ќе бидат претставени со двајца пратеници во собранието и тоа Јусуф Хасани од Демократската Партија на Турците од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците која на изборите учествуваше од коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ.



Слични вести