ДИК соопшти дека од 99,34-насто обработени гласови ВМРО-ДПМНЕ има 444.014, а СДСМ 428.683 гласови

Државната изборна комисија (ДИК) на Македонија соопшти дека од досега обработени 99,34-отсто од гласовите „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 444.014 гласови, коалицијата „За живот во македонија“ предводена од СДСМ 428.683 гласови

628222
ДИК соопшти дека од 99,34-насто обработени гласови ВМРО-ДПМНЕ има 444.014, а СДСМ 428.683 гласови

Државната изборна комисија (ДИК) на Македонија на одржаната прес конференција рано утрово ги соопшти прелиминарните резутати од вчерашните одржани предвремени парламентарни избори.

Комисијата истакна дека се обработени 99,34-отсто од гласовите и дека според тоа коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 444.014 гласови, коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ 428.683, Демократската унија за интеграција ДУИ 85,774, Движење Беса 57.749, Алијанса за Албанците 35,103 и Демократската партија на Албанците ДПА 30.971 глас.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски обраќајќи им се на сопартијците и насобраните пред седиштето на неговата партија истакна дека Македонија повторно имаше фер, демократски, слободни избори на кои граѓаните слободно и на демократски начин го кажаа своето мислење.

Груевски рече: „Денес победи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, но денес победи и Република Македонија. Ова е 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. “



Слични вести