Хашкото јавно обвинителство побара доживотна казна затвор за Ратко Младиќ

Јавното обвинителство на Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг Холандија побара доживотна казна затвор за поранешниот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ

625803
Хашкото јавно обвинителство побара доживотна казна затвор за Ратко Младиќ

Јавното обвиниителство на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг Холандија побара доживотна казна затвор за Ратко Младиќ, поранешниот командант на војската на Република Српска.

Во судскиот процес кој што продолжува од 2012 година и денеска се одржа рочиште на кое обвинителството и одбраната ги кажаа своите последни зборови.

Јавниот обвинител Алан Тајгер истакна дека изрекувањето на казна вон доживотна затворска казна како најтешка казна според законот би било навреда за жртвите, оние кои се во живот и мртвите, а исто така би било во својство на навреда и за правдата.“

Во склопот на судскиот процес и адвокатите на Ратко Младиќ од 9 до 13 декември ќе ги достават своите последни зборови, а потоа на 15 декември страните ќе ги изнесат своите аргументи.

Одлуката во судскиот процес се очекува да биде соопштена во ноември идната година.

Младиќ по16 годишно бегство беше фатен во 2011 година во Србија и предаден на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија каде што во 2012 година започна и неговото судење.

На поранешниот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ освен за извршен геноцид во 1995 година му се суди и за извршено воено злосторство и злосторство против човештвото.



Слични вести