Акинџи и Анастасиадис се договорија повторно да се состанат во јануари 2017 година

Двајцата лидери на Кипар, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис одлучија да се состанат повторно идниот месец (јануари, 2017 година)

622337
Акинџи и Анастасиадис се договорија повторно да се состанат во јануари 2017 година

Повторно започнуваат кипарските преговори кои што резултираа без поволен исход на крајот од минатомесечните остварени разговори во Швајцарија помеѓу турската и грчката страна на островот.

Двајцата лидери на Кипар, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис одлучија да се состанат повторно идниот месец (јануари, 2017 година).

Акинџи и Анастасиадис се состанаа синоќа на вечера во меѓупросторот на Кипар.

Домаќин на средбата беа ОН.

Двајцата лидери Мустафа Акинџи и Никос Анастсиадис разговараа за преговарачкиот процес и притоа одлучија да се состанат повторно.

Според објавеното писмено соопштение од ОН страните ќе се состанат на 9 јануари 2017 година во Женева. 

На 11 јануари и двете страни ќе ги постават на маса сопствените карти, а потоа почнувајќи од 12 јануари ќе се одржи петорна конференција на која ќе учествуваат и земјите гарантори на Кипар (Турција, Грција и Велика Британија).



Слични вести