Илјадници Грци кои протестираа против посетата на Обама на Атина се судрија со полицијата

Илјадници демонстранти кои се собраа во различни делови на Атина потсетија дека во минатото САД ја поддржуваа владата на воената хунта во Грција и посетата на американскиот претседател Барак Обама ја оценија за провокативна

611874
Илјадници Грци кои протестираа против посетата на Обама на Атина се судрија со полицијата
atina'da, obama'nın ziyaretine karşı gösteri.jpg

Во Грција илјадници демонстранти протестираа против денешната посета на американскиот претседател Барак Обама.

За време на протестите дојде и до судири помеѓу демонстрантите и грчката полиција.

Демонстрантите потсетија дека во минатото САД ја поддржуваа владата на воената хунта во Грција и посетата на американскиот претседател Барак Обама ја оценија за провокативна.

Учесниците на протестите се собраа во различни делови на главниот град Атина и истакнаа дека САД ја поддржуваа воената хунта оја дојде на власта во 1967 година и подвлекоа дека тогашната американска управа остана безгласна додека тенковите се движеа врз студентите.

Демонстрантите кои извикуваа слогани против САД откако се обидоа да влезат во забранетата зона се судрија со полицијата.

Лицата кои протестираа го критикуваа и пакетот за спасување на Грција од економската криза и истакнаа дека на тој начин Вашингтон повторно го воспоставува својот експлоататорски поредок. 

Грција за последен пат беше посетена во 1999 година од страна на тогашниот американски претседател Бил Клинтон.

Посматрачи привлекуваат внимание дека во Грција традиционално е силен антиамериканизмот.

Американскиот претседател Барак Обама денеска се очекува да допатува во посета на Атина каде што ќе одржи и значаен проштален говор.

Обама потоа ќе се состане со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас.



Слични вести