Грчката фудбалска федерација се извини на народот на Босна и Херцеговина

Федерацијата истакна дека го осудува транспарентот што го истакнаа група грчки навивачи на фудбалскиот натпревар што се одигра во Атина со напис „Нож, жица, Сребреница“, а исто така напомена дека тоа е неприфатливо и со расистичка содржина

610751
Грчката фудбалска федерација се извини на народот на Босна и Херцеговина

Грчката фудбалска федерација се извини на народот на Босна и Херцеговина поради тоа што на натпреварот помеѓу Грција и Босна и Херцеговина беше истакнат транспарент со напис „Нож, жица, Сребреница“ кој што се употребува како говор на омраза од страна на Србите против Бошњаците.

Федерацијата во објавеното соопштение истакна дека го осудува транспарентот што го истакнаа група грчки навивачи на фудбалскиот натпревар што се одигра во Атина со напис „Нож, жица, Сребреница“, а исто така напомена дека тоа е неприфатливо и со расистичка содржина.

Грчката фудбалска федерација додаде дека морале да се извинат и нагласи дека содржината на транспарентот епретставува навреда на спортскиот дух и грчкото гостопримство.

Од друга страна и ФИФА истакна дека се собираат информации во врска со случајот и се анализира процесот.

Грција и Босна и Херцеговина завчера во Атина го одиграа четвртиот натпревар во својата група „Х“ од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018.

До последната минута од натпреварот Босна и Херцеговина беше во водство од 1:0, меѓутоа во одиграните продолжетоци со голот на Георгиос Цавелас мечот заврши со нерешен резултат од 1:1.

Натпреварот уште од почетокот до крајот беше одигран во затегната атмосфера.

Грчките навивачи уште на почетокот додека се интонираше химната на БОсна и Херцеговина се огласија со свирежи, и провокацијата продолжи и за време на второто полувреме од натпреварот кога на трибината зад голот на Босна и Херцеговина беше истакнат транспарент со напис „Нож, жица, Сребреница“ кој што претставува говор на омраза кој се користи од страна на Србите во врска со извршениот геноцид во Сребреница во 1995 година кога беа ѕверски измасакрирани најмалку 8 илјади Бошњаци.



Слични вести