Румен Радев нов претседател на Бугарија

Премиерот Бојко Борисов по објавувањето на неофицијалните резултати рече дека оставката ќе ја поднесе за два дена

610109
Румен Радев нов претседател на Бугарија

За нов претседател на Бугарија избран поранешниот командант на воздушните сили генералот Румен Радев.

Кандидатот на главната опозициона Бугарска социјалистичка партија Румен Радев на вториот круг на претседателските избори освои 59,4 насто од гласовите и извојува победа.

Радев на изборите се натпреваруваше против Цецка Цачева која беше подржана од страна на премиерот Бојко Борисов.

По објавувањето на неофицијалните резултати, премиерот Борисов рече дека оставката ќе ја поднесе за два дена.

На тој начин на пролет во Бугарија ќе се одржат предвремени парламентарни избори.

Проруски ориентираниот Радев рече дека Бугарија нема да се одвои од НАТО алијансата и дека тоа нема да биде причина за контрадикторност со Русија.

Радев кој пред изборите имаше дадено ветување дека ќе започне борба против корупцијата исто така е против на влезот на мигрантите во Бугарија.



Слични вести