Игор Додон нов претседател на Молдавија

Законот со кој од 2000 година наваму претседателот на Молдавија се избираше од страна на парламентот беше укинат од страна на Уставниот суд, поради што земјата се врати кон стариот систем на гласање

609895
Игор Додон нов претседател на Молдавија

На претседателските избори во Молдавија победи проруски ориентираниот кандидат на социјалистите Игор Дудон.

Според првичните резултати, Игор Додон досега освои најголем број гласови на изборите во отворените гласачки кутии.

Додон на вториот круг на гласањето освои 52,57 насто од гласовите, ривалот прозападно ориентираниот поранешен министер за образование Маја Санду освои 47, 43 насто.

По 1996 година, Додон е првиот претседател на Молдавија кој беше избран директно од страна на народот. Законот со кој од 2000 година наваму претседателот на Молдавија се избираше од страна на парламентот беше укинат од страна на Уставниот суд, поради што земјата се врати кон стариот систем на гласање, односно претседателот се избира директно од страна на народот.

41 годишниот Додон во рамките на досегашната политичка кариера во Владите на Молдавија се најде на функциите министер за економија и трговија и потпретседател на владата. Додон политичкиот живот го започна во Комунистичката партија, а по поразот што го доживеа за избор за лидер на партијата, Додон премина во редовите на Социјалистичката партија. Во 2011 година Додон беше избран за лидер на Социјалистичката партија, а на изборите во 2014 година со употреба на слоганот „Заедно со Русија“ освои 20,51 насто од гласовите и беше прва партија.

Додон во рамките на изборната пропаганда на кампањата за претседателските избори даде ветувања дека ќе ги штити Славјанските вредности, ќе ги нормализира односите со Москва и ќе даде здив на економијата.



Слични вести