Балканска агенда 45/2016

Финансискиот систем на балканските земји

609135
Балканска агенда 45/2016

Улогата на финансискиот сектор во една економија е изворите од сектори со суфицит на фондови со најмали трошоци да се пренесат на сектори со дефицит на фондови. Во оваа смисла значењето на финансискиот систем во економскиот развој е од големо значење. Освен тоа што посредува помеѓу сопствениците на заштеда и оние кои имаат потреба од фондови или средства, алтернативата која што се развива, благодарение на финансиските средства финансискиот систем обезбедува и зголемување на заштедите на една земја, а со тоа и зголемување на инвестирањата и приходите.  Поради тоа што долго време владееше централистички планираната економија  развојот на финансискиот систем во Балканските земји се реализира под различни тешкотии.

Во периодот на централистички планираната економија една од најзначајните карактеристики на Балканските земји со исклучок на Грција беше контролата на државата над општеството и економијата. И капиталот и производството директно се обезбедуваа од страна на државата, во значајна мера беше забрането лицата односно поединци да располагаат со средства за производство и целокупниот економски живот беше регулиран односно преуреден онака како што предвидуваше државата. Затоа и финансискиот систем на Балканските земји беше многу блиску со изглед на механизам кој ги регистрираше владините одлуки во врска со распределбата на изворите во различни општествени претпријатија и сектори.

Поради тоа што финансискиот систем беше под строга контрола на владата не постоеше сериозна потреба од финансиски регулирања и контроли и надзори. Од друга страна поради тоа што банките немаа надлежност за проценка на сигурноста на компаниите овие банки немаа надлежност ниту за одбивање на барањата за кредит или за нивно принудување на банкрот. Со исклучок на тоа што на јавните претпријатија кои работеа на штета им беа доделувани кредити со негативни реални каматни стапки, беа дадени гаранции и за надворешните задолжувања на овие претпријатија.  Поради тоа што финансиските средства кои што можат да се продадат не беа развиени во централно планираните Балкански земји никако немаше берзи на хартии од вредност. Од тие причини во процесот на премин кон пазарна економија имаше големо значење да се формира здрав финансиски систем кој ќе го поддржува развојот на пазарната економија во Балканските земји. Меѓутоа поради наследството кое што беше примено од централистичко планираниот период, војните, периодите на висока инфлација и банкарските кризи развојот на финансискиот систем во регионот помина низ еден тежок процес.

На Балканот беа доживеани и извесни случувања кои уште повеќе ја потресоа довербата на банкарскиот сектор. На пример во некои земји од поранешна Југославија на почетокот на 1990-сетите години од страна на државата беа замрзнати девизните заштеди на граѓаните. Затоа народот наместо своите девизни заштеди да ги вложи во националните банки претпочиташе да ги држи дома. Друг фактор кој што го попречи развојот на банкарскиот сектор пак беше појавата на некои банки кои го измамија народот. На пример банката Југоскандик и Дафимент банка во Србија соопштија дека за девизните влогови ќе доделуваат високи каматни стапки од 10 до 12-насто месечно, по што откако ги собраа девизните заштети на народот ги снема.

Еден друг интересен пример беше доживеан во Албанија. Во 1990-сетите години во оваа земја се појавија фирми кои даваа поголеми камати од банките и кои работеа со систем на пирамида. Банкротирањето на некои од овие пирамидни инвестициски фирми во јануари 1997 година кои беа презентирани како извор на брзо богатење беше причина низ земјата да се прошират побуни кои за кусо време излегоа од контрола на полицијата и војската.

Поради причини како што беа недовербата кон банките, недоволниот развој на пазарите на капитал и на останатите финансиски институции и ниските приходи на трошење, стапките на заштеди во Балканските земји долго време не можеа да достигнат до посакуваното ниво. Меѓутоа за развој имаше потреба од инвестирања, а за инвестирање имаше потреба од заштеда.

На почетокот Балканските земји не гледаа позитивно на радикалните реформи во врска со финансискиот сектор. Вистинските промени кои влијаеја на функционирањето и структурата на овој сектор во регионот почнаа да се применуваат дури кон крајот на 1990-сетите години. Во тие рамки беше развиена законската рамка со која се регулира банкарскиот сектор, а воедно беше зајакната и финансиската контрола. По пат на укинување на ограничувањата за банкарскиот сектор, можноста да се либерализира влезот во секторот и приватизацијата на државните банки пак Балканските земји почнаа да ги привлекуваат странските инвестирања кон банкарскиот сектор.

Денеска повеќе од 90-отсто од средствата на финансискиот систем во Балканските земји е во сопственост на банките. Останатите финансиски активности или дејности пак како што се осигурувањето, пензиските фондови продолжуваат да се наоѓаат, односно остануваат на ниско ниво.

Странските инвеститори одиграа значајна улога во приватизациите на банките кои што беа остварени на Балканот. Имено делот односно учеството на странските банки во банкарските сектори на регионалниот земји се движи некаде околу 75-отсто и 95-отсто. Делот, односно учеството на државните банки во банкарскиот сектор пак е намалено на минимално ниво, додека во примерите со Албанија и Црна Гора тоа е сведено дури на нула, т.ј. ресетирано.

Постоењето на странските банки во извесна смисла укажува на тоа дека се развиени доверливите, транспарентни и погодни регулативи односно прописи за финансиските пазари. Странските банки кои со себе внесоа значајни технички знаења и финансиски новини исто така обезбедија и значајни придонеси во правец на зајакнување на банкарскиот сектор на Балканските земји. Меѓутоа поради тежината на странскиот капитал банкарскиот сектор на Балканските земји е подложен на поголемо влијание од меѓународните економски кризи.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести