Бомбашки напад на амбасадата на Франција во Атина

Две лица кои со мотоцикл дојдоа пред амбасадата на Франција, фрлија експлозивна направа врз зградата на амбасадата

607966
Бомбашки напад на амбасадата на Франција во Атина

Во бомбашкиот напад на амбасадата на Франција во Атина беше повреден едно лице од обезбедувањето.

Нападот беше извршен во раните утрински часови.

Две лица кои со мотоцикл дојдоа пред амбасадата на Франција, фрлија експлозивна направа врз зградата на амбасадата за која се претпоставува дека беше рачна бомба.

Напаѓачите побегнаа од местото на настанот.

Полицијата со цел да ги утврди идентитетите на напаѓачите, ги испитува безбедносните камери во околината.



Слични вести