Група демонстранти во Солун упаднаа во зградата на генералниот конзулат на САД

Членовите на групата која се нарекува „Рубиком“ и се анархисти против власта, по сослушувањето и исказите беа пуштени на слобода

607317
Група демонстранти во Солун упаднаа во зградата на генералниот конзулат на САД

Група демонстранти во Солун во знак на протест на претстојната посета на американскиот претседател Барак Обама на Грција предвидена за 15 ноември, упаднаа во зградата на генералниот конзулат на САД.

Околу 15 лица кои се собраа пред зградата, го поминаа обезбедувањето и влегоа внатре.

По упадот во зградата, на катот каде што се наоѓаа канцелариите на конзулатот, демонстрантите извикуваа слогани против САД, отворија транспаренти и фрлаа летоци. Полицијата која дојде на местото на настанот ги исфрли демонстрантите од зградата на конзулатот.

6 од демонстрантите беа приведени од страна на полицијата.

Членовите на групата која се нарекува „Рубиком“ и се анархисти против власта, по сослушувањето и исказите беа пуштени на слобода.

Анархистичката група во пораката преку интернет што ја објави пред одреден период упати повик за одржување колективен протест против претстојната псоета на американскиот претседател барак Обама планирана за 15 декември.



Слични вести