Балканска агенда 44/2016

Да се разбере надворешната политика на Русија во примерот со Балканот

604534
Балканска агенда 44/2016

Русија во последните години фрла надворешно-политички чекори кои отвоено го предизвикуваат Западот. Затоа во медиумските извори можат да се слушнат некои коментари дека се наближува крајот на униполарниот свет и дека е вратена назад Студената војна. Дали светот навистина оди кон една нова неизвесност? Зошто Москва чувствува потреба повторно да го зголеми рускиот авторитет во сферата на поранешниот советски сојуз? Меѓународната политика која што се води во последните 25 години на Балканот во значајна мера држи светло на позадината на чекорите кои што ги фрла Москва во надворешната политика.

Русија која по распаѓањето на Советскиот Сојуз ја изгуби својата улога на супер сила постојано беше во потрага да би можела да одигра активна улога во врска со кризата која што се доживуваше во 1990-сетите години на териториите на поранешна Југославија. Она што беше значајно за Москва е да би можела да располага со еднакво право на збор во меѓународната дипломатија која се водеше пред оваа криза. Според американскиот дипломат Ричард Холбрук кој се прифаќа како неимар на Дејтонскиот мировен договор со кој во 1995 година беше ставено крај на војната во Босна и Херцеговина, во тие години основната грижа на Москва  макар и симболично беше да се покаже дека Русија се уште е значаен актер во светот.

Во 2000-дитите години Москва се обиде да се вклучи, односно да интервенира и во меѓународната дипломатија во врска со Косовскиот проблем. Меѓутоа Косово беше место каде што постоеше судир на интереси помеѓу Русија и западните земји. За Вашингтон и Брисел состојбата на Косово претставуваше голем исклучок во правните норми на меѓународниот поредок. Косово во почетокот на 1990-сетите години се оценуваше како остаток од една распарчена држава и затоа беше окарактеризирано како специјален случај. Со овој начин на сфаќање беше поддржано прогласувањето на независноста на Косово од негова страна во 2008 година.

Русија уште од почетокот беше против независноста на Косово. И покрај тоа што на изглед како да ја поддржуваше Србија грижата на Москва беше поразлична.  Русија всушност се противи правото на доделување на проблематичните региони на етикетата  или називот „специјален случај“ да биде во монопол на западните земји. Со признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија во август 2008 година пак покажа дека Москва посакува да располага со право она кое што го прави Западот да го направи и Русија. Ова прашање е значајно за да се разбере општото однесување на Русија во надворешната политика. Бидејќи потезите на Москва во надворешната политика во последните години се состои од предизвик против тоа што по периодот на Студената војна се гради меѓународен систем кој што функционира во правец на желбите на западните земји.

Ако се погледне од наочарите на Москва САД кои се наоѓаат на чело на западните земји со интервенцијата на Ирак во 2003 година го започнаа процесот на промена на Блискиот исток на начин кој што нема да биде одобрен од страна на Русија. Од друга страна НАТО денеска е така да се каже потпрена на границите на Русија и овој сојуз повеќе се планира да се прошири кон исток. Меѓутоа Москва го оценува НАТО како воена сила која продолжува да и се заканува на безбедноста на Русија.  Москва е лута и на тоа што САД поставува ракетни штитови во земјите од источна Европа.

Како резултат на приговорот кон светот во кој ќе доминира Западот, Москва влезе и во обиди за зголемување на рускиот авторитет на териториите на поранешниот Советски сојуз. Во Украина пак речиси фрли чекори кои што потсеќаат на периодот на Студената војна. Употребата на терминот Студена војна поради тоа што во себе ја содржи онаа легенда на „силна Русија“ најмногу и оди во прилог на Москва. Меѓутоа денешна Русија е многу поразлична од онаа Русија од втората половина на 20-от век. Пред се поради тоа што веќе не постојат две идеологии кои се во судир и конфликт Москва не може да привлекува некои земји. Поради случувањата во глобализацијата и комуникациските технологии пак денеска не е можно една држава да се изолира од останатиот дел на светот. Згора на тоа и покрај тоа што руската армија во последните години ги зголеми модернизацијата на оружјето и својот капацитет на војување таа доста заостанува од американската армија и сојузот на НАТО.

Што се однесува во кризата во Украина и покрај тоа што на изглед состојбата од аспект на агроинженерството како да е во полза на Москва, всушност Русија е вовлечена во тешка состојба. Имено зајакна сојузот против Русија во западните земји. Освен тоа беше создадена дополнителна причина за постоењето и реструктуирањето на НАТО. Поради спроведувањето на ембарго против Русија пак економијата на оваа земја почна да се стеснува. Од друга страна испитувањата на јавното мислење укажуваат на тоа дека рускиот народ повеќе од зголемување на рускиот авторитет на териториите на поранешниот Советски сојуз им придава приоритет на прашања посветени на секојдневниот живот.

Поради сето тоа и покрај тоа што се гледа како контрадикторно помирувањето со Западот ќе биде во корист на Москва. Во спротивно под економски услови кои што се влошуваат рускиот народ уште повеќе ќе ја преиспитува власта на претседателот Владимир Путин. По претседателските избори во САД кои што ќе се одржат на 8 ноември ќе се роди прилика за преиспитување на билатералните односи и од аспект на Вашингтон и од аспект на Москва. Постигнувањето компромис во ставовите во врска со кризата во Сирија пак би можело да им донесе нов здив на односите помеѓу Вашингтон и Москва. Доколку САД и Русуија можат да фрлат успешен чекор по прашањето со Сирија тоа ќе може да се одрази позитивно и на кризата во Украина.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести