Група екстремни десничари во Атина го окупираа просторот каде што се планира да се изгради џамија

Групата беше исфрлена со интервенцијата на грчката полиција

603966
Група екстремни десничари во Атина го окупираа просторот каде што се планира да се изгради џамија

Според информациите од Дирекцијата на полицијата на Атина, во рамките на операцијата која беше извршена во раните утрински часови, на плацот кој се наоѓа во приградската населба Вотаникос на Атина беа приведени 15 лица.

По празнењето на просторот, беше зајакната влезната порта и беше поставена бодликава жица.

По притворањето на осомничените  беше извршена и контрола на личните карти и нивните идентитети.

Со изгласувањето на нацрт-законот во август од страна на Грчкиот парламент чија изградба поради различни правни и бирократски пречки не можеше да започне, беше постигната значајна етапа.

Парцелата која беше одвоена за изградба на џамијата, над три месеци беше окупирана од страна на екстремните десничари кои во одбраната истакнаа дека наводно им помагале на бездомниците.

Министерот за евроинтеграции на Труција Омер Челик кој престојува во официјална посета на Грција, на вчерашната прес конференција се осврна и на прашањето и рече:

Нормално е во еден главен град на земјите членки на ЕУ покрај црква и синагога да има и џамија. Во Атина се гради џамија, но за жал екстремните расистички средини го окупираат просторот на кој се предвидува да се изгради. Џамијата не може да се препушти на расистичка злоупотреба. Отворањето џамија во Атина нема да го загрози грчкиот идентитет, рече Челик.



Слични вести