Во општина Мамуша во Косово се одржа марш против пучистите и обидот за преврат на 15 јули во Турција

Илјадници лица кои учествуваа на маршот во оптшина Мамуша во Косово ја изнесоа својата реакција против пучистите и обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули

595149
Во општина Мамуша во Косово се одржа марш против пучистите и обидот за преврат на 15 јули во Турција
kosava'da darbe girişimi fotoğrafları sergisi.jpg
kosava'da darbe girişimi fotoğrafları sergisi.jpg
kosava'da darbe girişimi fotoğrafları sergisi.jpg

Во турската општина Мамуша во Косово е одржан „Марш на демократијата за националната волја“.

Илјадници лица кои учествуваа на маршот во Мамуша ја изнесоа својата реакција против пучистите и обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули. 

На маршот учествуваше и поранешниот пратеник на владејачката АК Партијата Рифат Саит, косовски функционери и надлежни на општина Мамуша, како и претстваници на Турската агенција за соработка и координација ТИКА и на Инситутот Јунус Емре.

Маршот што се одржа во придружба на турскиот воен оркестар Мехтер продолжи до плоштадот на општина Мамуша каде што се наоѓа и споменикот на паднатите борци во Чанаккале.

Потоа на гробиштата на паднатите борци во Чанаккале беше читано Куран за шехидите за време на обидот за преврат на 15 јули.

Претседателот на општина Мамуша Ариф Бутуч во говорот што го одржа пред насобраните подвлече дека народот на Косово секогаш стои покрај Турција. 

Ариф Бутуч рече: „Остро ги осудуваме оние кои се обидоа да реализираат преват на 15 јули во Турција. Нивната ДНА е расипана. Република Турција е силна. Со тоа што е силна верувам дека и Балканот ќе биде посилен. Се гордееме со силна Турција.“

Поранешниот пратеник на владејачката АК Партијата Рифат Саит исто така истакна дека треба да бидат затворени училиштата поврзани со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО кои делуваат во Косово.

Маршот по манифестацијата „Поздрав за демократијата“ заврши со различни манифестации на кои беа споменати и војната и паднатите борци во Чанаккале.



Слични вести