Алексис Ципрас повторно избран за претседател на СИРИЗА

Големиот партнер на коалицоната влада во Грција СИРИЗА вчера го одржи својот втор редовен конгрес на кој Алексис Ципрас учествуваше како единствен кандидат и повторно беше избран за претседател на партијата

591103
Алексис Ципрас повторно избран за претседател на СИРИЗА

Актуелниот премиер на Грција и претседател на Партијата СИРИЗА Алексис Ципрас на редовниот конгрес на партијата доби 92,4-отсто од гласовите и повторно е избран за претседател на СИРИЗА.

Големиот партнер на коалицоната влада во Грција СИРИЗА вчера го одржи својот втор редовен конгрес на кој актуелниот претседател и премиер Алексис Ципрас учествуваше како единствен кандидат за претседател.

На одржаното гласање гласаа 2.758 делегати.

Конгресот на СИРИЗА во чии рамки беа одржани и панели посветени на економските и политичките случувања во земјата траеше 4 дена.

Освен тоа на конгресот се дискутираше и за прашања како што се иднината на левицата во Европа и мигрантската криза.



Слични вести