Актуелниот премиер на Црна Гора Мило Џукановиќ ја прогласи својата победа на парламентарните избори

Прозападната Демократска партија на социјалистите (ДПС) на актуелниот црногорски премиер Мило Џукановиќ освојувајќи 41-отсто од гласовите на бирачите излезе како победник од вчерашните одржани парламентарни избори

590815
Актуелниот премиер на Црна Гора Мило Џукановиќ ја прогласи својата победа на парламентарните избори

Претседателот на прозападната Демократска партија на социјалистите и актуелен премиер на Црна Гора Мило Џукановиќ истакна дека неговата партија излезе како победник од вчерашните одржани парламентарни избори и ја прогласи својата победа.

Џукановиќ во седиштето на Демократската партија на социјалистите (ДПС) во главниот град Подгорица им се обрати на своите сопартијци каде што нагласувајќи дека Демократската партија на социјалистите (ДПС) уште еднаш излезе како победник од изборите рече: „Црна Гора ќе продолжи да напредува со сигурни чекори на патот на процесот за членство во ЕУ. Во наредните месеци ќе биде одобрено и нашето членство во НАТО. Во новиот период ќе фрлиме потпис на голем број нови проекти.“

Џукановиќ го даде сигналот дека ќе биде формирана коалициона влада заедно со  Социјалдемократите и малцинските пратеници на Бошњаците, Хрватите и Албанците кои ги окарактеризира како „традиционални сојузници“.

Независниот Центар за следење и истражување (CeMI) кој ги следи парламентарните избори во Црна Гора соопшти дека владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) води со освоени 41-отсто од гласовите.

Според излезните анкети на Центарот за следење и истражување (CeMI) се изброени 95-отсто од гласовите.

Така според овие нецелосни и неофицијални резултати Демократската партија на социјалистите (ДПС) освои 41-отсо, опозициониот просрпски или проруски Демократски фронт (ДФ) 20-отсто, Коалицијата Клуч 10,9-отсто, Демократите 9,7-отсто и Социјалдемокртаската партија (СДП) освои 5-отсто од гласовите на црногорските бирачи.

Согласно податоците соопштени од страна на Центар за следење и истражување (CeMI) во парламентот на Црна Гора составен од вкупно 81 пратеничко место,  Демократската партија на социјалистите (ДПС) обезбеди 36 пратенички мандата, Демократски фронт (ДФ) 18, Коалицијата Клуч 9, Демократите 8, Социјалдемокртаската партија (СДП) 4, Социјалдемократите 2, Бошњаците 2, Албанците 1 и Хрватите 1 пратенички мандат.

Државната изборна комисија (ДИК) на Црна Гора се очекува конечните резултаи да ги соопшти во текот на денот.



Слични вести