Бројот на мигрантите на грчките острови изнесува над 15 илјади бегалци

Од октомври наваму бројот на илегалните мигранти се зголеми за 1 232

587184
Бројот на мигрантите на грчките острови изнесува над 15 илјади бегалци

Првпат по потпишувањето на договорот за надминување на мигрантската криза меѓу Турција и ЕУ, бројот на мигрантите на Грчките острови изнесува над 15 илјади.

Според официјалните податоци на Грција, во последните 24 часа на грчките острови пристигнале уште 143 бегалци и на тој начин вкупниот број н бегалци се зголеми на 15 илјади 67.

Од октомври наваму во бројот на илегалните мигранти на грчките острови беше забележан пораст во споредба со претходните месеци и се зголеми за 1 232.

Севкупниот капацитет на прифатилиштата на островите изнесува скоро половина од бројот на мигрантите.



Слични вести