Шенол Ѓока во Скопје ги информираше претставниците на медиумите од Балканот за обидот за преврат

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока во Скопје ги информираше претставниците на голем број медиуми од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Санџак за предавничкиот обид за преварт на 17 јули на терористичката организација ФЕТО

580452
Шенол Ѓока во Скопје ги информираше претставниците на медиумите од Балканот за обидот за преврат

Генералниот директор на Турската Радио-Телевизија ТРТ Шенол Ѓока во рамките на посетата на Македонија ги информираше претставниците на медиумите од балканските земји во врска со Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ и предавничкиот обид за преврат на 15 јули.

На состанокот што се одржа во хотелот „Мериот“ во Скопје насловен како „Средба со медиумите од Балканските земји“ во организација на Турската Радио-Телевизија ТРТ учествуваа претставници на голем број медиуми од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Санџак.

Во својот говор пред присутните генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока им раскажа на претставниците на медиумите од Балканските земји за сето она што се случи за време на предавничкиот обид за преврат извршен од страна на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО ноќта на 15 јули.

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока им ја раскажа таа крвава ноќ на присутните велејќи „Беше пребродено едно многу големо искушение и многу голема неволја“.

Истакнувајќи дека народите на двете земји (Турција и Макеоднија) се измесени со културата на овие простори, Ѓока рече: „На тој начин  албанскиот, македонскиот, черкезкиот, бошњачкиот и сите други етнички групи и народи кои живеат на овие простори и покрај се имаат живеат во соживот и имаат заедничка култура кои ги зајакнуваат исторските врски на сите нив.“

Шенол Ѓока укажа на тоа дека за да се застане во одбрана на оваа култруа сите мораат да ги држат мошне силно своите врски со Турција и продолжи со следните зборови: „Така секој знаеше дека ако се случи нешто во Турција сличното ќе се случи и овде, ако се сопне Турција и овде луѓето ќе паднат на земја.“

Привлекувајќи внимание дека истата борба која што ја водеше турскиот народ против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ на 15 јули ја водеа и луѓето на Балканот кои ги исполнија плоштадите, Ѓока напомена дека онака како што на повикот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган луѓето масовно излегоа на улиците, плоштадите и ародромите на ист начин беше почувствувана мошне силно поддршката и на Балканот до каде што пристигна тој повик.

Шенол Ѓока потенцираше дека претседателот Ердоган повеќе од тоа што е политичка личност и што претставува еден народ Тој во себе отелотворува и една посебна култура која ги претставува сиве овие простори во целина.

„Затоа веќе на Него (претседателот Ердоган) повеќе од политичка личност и претседател гледаме како резиме на оваа целокупна култура и многу добро знам дека на Него исто се гледа и овде. Затоа било каков обид за преват против него, било каков обид за преврат против турскиот народ или било каков обид во Турција сличен на окупација, ние од таму многу добро чувствуваме дека истите тие обиди истовремено ги земаат под опсада и овие простори и дека секој знае оти тие обиди се насочени против него самиот.“ - констатира генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока.

На средбата на поканетите претставници на медиумите од Балканските земји им беше прикажан и документарецот во кој со прикажување на вистински снимки се раскажува за предавничкиот обид за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ ноќта на 15 јули.

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока ги информираше претставниците на медиумите од Балканските земји и општо во врска со Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Освен тоа Шенол Ѓока информираше и за Турската Радио-Телевизија ТРТ, зборуваше со претставниците на приватните радио и телевизиски канали од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Санџак, а исто така одговараше и на нивните прашања.

На претставниците на медиумите од Балканските земји (Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Санџак) им беше раздадена и книгата „Од минута во минута обидот за преврат на ФЕТО“ подготвена од страна на новинската агенција Анадолија.

Генералниот директор на Турската Радио-Телевизија ТРТ Шенол Ѓока во рамките на посетата на Македонија претходно ги посети и новинската агенција Анадолија и Институтот Јунус Емре во Скопје.

Уредникот на албански и македонски јазик на новинската агенција Анадолија Аднан Идриз ги информираше гостите за работата на агенцијата во Скопје, додека генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока пофално се изрази за работата на новинската агенција Анадолија во регионот.

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока посетата на Македонија ја реализира во придружба на Амбер Туркмен главен уредник на ТРТ радио емисии и в.д. главен уредник на музичките емисии, Чаглан Танкур Јорумез  раководител на одсекот за надворешна соработка, Сулејман Ердал главен уредник на секторот емисии за странство, Тунџај Јурекли главен уредник на информативната програма, Аднан Арикан главен уредник на секторот за обука, Кудрет Догандемир заменик главен уредник на информативните и  спортските програми, Мурат Алтункајнак главен уредник на радио Анкара и Беким Муфтаревиќ претставник на прес бирото на ТРТ во Скопје.



Слични вести