Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока во посета на Скопје

Генералниот директор на Турската Радио и Телевизија ТРТ Шенол Ѓока во рамките на посетата на Македонија денес ги посети просториите на новинската агенција Анадолија во главниот град Скопје

580259
Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока во посета на Скопје

Генералниот директор на Турската Радио и Телевизија ТРТ Шенол Ѓока во рамките на посетата на Македонија денес ги посети просториите на новинската агенција Анадолија во главниот град Скопје.

Уредникот на албански и македонски јазик на Анадолската Агенција Аднан Идриз ги информира гостите за работата на агенцијата во Скопје.

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока пофално се изрази за работата на Анадолската Агенција во регионот и рече :Анадолската Агенција секаде каде што отиде секогаш ни помогна“.

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока посетата на Македонија ја реализира во придружба на Амбер Туркмен главен уредник на ТРТ радио емисии и в.д. главен уредник на музичките емисии, Чаглан Танкур Јорумез  раководител на одсекот за надворешна соработка, Сулејман Ердал главен уредник на секторот емисии за странство, Тунџај Јурекли главен уредник на информативната програма, Аднан Арикан главен уредник на секторот за обука, Кудрет Догандемир заменик главен уредник на информативните и  спортските програми, Мурат Алтункајнак главен уредник на радио Анкара и Беким Муфтаревиќ претставник на прес бирото на ТРТ во Скопје.

Делегацијата денес го посети седиштето на институтот Јунус Емре во Скопје, а попладне одржа средба со претставниците на медиумите од Балканот кои ги информираше за неуспешниот обид за воен удар во Турција на 15 јули реализиран од страна на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.

Ѓока за тој ден рече дека беше надмината голема катастрофа.

Инаку на средбата со претставниците на медиумите од Балканот  учестуваа голем број новинари од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Санџак.

Генералниот директор Шенол Ѓока на присутните им раскажа за сето она што се случи во земјава и во ТРТ во судбоносната ноќ на 15 јули.Ѓока нешто потоа одговараше на прашањата на присутните.

Шенол Ѓока меѓу другото даде интервју за новинската агенција Анадолија.

 

 



Слични вести