Троен самит во седуштето на ОН во Њујорк посветен на Кипарскиот проблем

Во седиштето на ОН во Њујорк под посредништво на генералниот секретар на ОН Бан Ку-мун се состанаа двајцата лидери на Кипар, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис

577002
Троен самит во седуштето на ОН во Њујорк посветен на Кипарскиот проблем

Кипарскиот проблем поставен на разгледување на троен самит во ОН .

Во седиштето на ОН во Њујорк под посредништво на генералниот секретар на ОН Бан Ку-мун се состанаа двајцата лидери на Кипар, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи и лидерот на кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис.

По тројната средба генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун истакна дека била остварена конструктивна средба со лидерите на Кипар и дека било разговарано за последната состојба до која е дојдено во преговорите за постигнување трајно решение на поделениот остров.

Бан им се заблагодари на двајацата лидери за извонредниот напор што го презентираат и за постигнатиот напредок во преговорите и нагласи дека страните се желни за постигнување сеопфатен договор во 2016 година.

Велејќи дека оваа прилика треба да добро да се искористи, Бан Ки-мун рече: „Процесот што се наоѓа пред нас е од животно значење за Кипар. Времето е мошне значајно. Јас и ОН ќе направиме се што е во наша можност и ќе ги вложиме потребните напори за да се постигне успешен резултат.“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи истакна дека од ОН посакале да даде поголем придонес на процесот и рече: „Во октомври повторно ќе влеземе во интензивиран преговарачки процес. Постои целта за 2006 година и таа продолжува. Се надевам дека мирот на Кипар по кој што се копнее ќе биде прифатлив и за двете страни и дека ние со овие наши активности би можеле да ги обезбедиме условите на овој мир. Сите вклучувајќи го и Анастасиадис се свесни за времето како фактор и задоцнувањето на оваа работа нема да му обезбеди полза никому.“

Акинџи нагласи дека во меѓународниот договор што ќе се постигне треба да има и гарантори.

Во меѓувреме Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи даде споецијално интервју и за Турската радио-телевизија ТРТ во кое истакна дека постигнувањето решение на преговорите е поврзано и со добронамерноста што ќе ја презентира кипарско-грчката страна.

Акинџи предупреди дека доколку не може да се изнајде политичко решение во рок од 3 месеци секој ќе продолжи по сопствениот пат.  



Слични вести