Започна референдумот за Денот на Република Српска

Босанските Срби и покрај одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска гласаат на референдумот за славење на 9 јануари како Ден на Република Српска

576577
Започна референдумот за Денот на Република Српска

И покрај донесената забрана од страна на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во Република Српска како еден од двата ентитета на државата Босна и Херцеговина, се одржува референдум за одбележување на 9 јануари како Ден на Република Српска.

На референдумот кој е прв референдум кој што се одржува во Република Српска, по Дејтонскиот мировен договор имаат право на гласање 1 милион 219 илјади 399 лица.

Бошњаците кои живеат во границите на Република Српска го бојкотираат овој референдум за кој претходно Уставниот суд на Босна и Херцеговина оцени дека е во спротивност со уставот.

Бошњачките политичари референдумот го оценуваат како проба за референдумот за независност и претходно низа пати го повикаа бошњачкиот народ кој живее во границите на Република Српска да го бојкотира референдумот и да не излегува на гласање.

Босанските српски лидери пак побараа од сите оние кои имаат право на глас независно од нивната етничка припадност да излезат и да гласаат 9 јануари да продолжи да се слави како роденден на Република Српска.

Од страна на Комисијата за одржување на референдумот се истакнува дека по започнувањето на чинот на гласање на секои два часа ќе се одржи конференција за претставниците на печатот на која ќе и бидат соопштени на јавноста најновите случувања во врска со референдумот, додека првите неофицијални резултати се очекува да бидат објавени до полноќ.

Декларацијата во врска со формирањето на Република Српска беше усвоена на 9 јануари 1992 година и затоа овој датум во границите на овој ентитет се славеше како Ден на Република Српска.

Потоа со донесената одлука од страна на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во ноември 2015 година пресуди дека прославувањето на Денот на Република Српска е спротивно на Уставот и побара да се промени усвоениот закон во парламентот на Република Српска.

Уставниот суд во образложението на оваа своја одлука истакна дека декларацијата од 1992 година е усвоена без учество на претставниците на Бошњаците и Хрватите во земјата и оцени дека одлуката е донесена еднострано.

Меѓутоа босанските Срби истакнаа дека и покрај одлуката на Уставниот суд ќе продолжат да го слават 9 јануари како Ден на Република Српска и одлучија да се одржи референдум по ова прашање во границите на овој ентитет во кој мнозинството го сочинуваат Срби.

Членовите на Уставниот суд на Босна и Херцеговина минатата недела повторно се состанаа за да го разгледат повторно прашањето и притоа беше донесена одлука дека и референдумот за кој што се планира да се одржи е спротивно на Уставот и дека неговото одржување треба да се сопре.

Сепак и покрај одлуката на Уставниот суд и повиците упатени од страна на меѓународната заедница босанските Срби денеска го одржуваат референдумот за  славење на 9 јануари како Ден на Република Српска.



Слични вести