Пожар во бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос

Грчките власти поради големиот пожар што се појави во кампот за бегалци на островот Лезбос „Мориа“ (турски Мидилли) го испразнија овој камп во кој се наоѓаа приближно 4 илјади бегалци

573705
Пожар во бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос

По големиот пожар што се појави во кампот Мориа на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) овој камп во кој беа сместени приближно 4 илјади бегалци е испразнет.

Според локални извори и покрај тоа што пожарот што се појави вчера вечер беше ставен под контрола, поради кавгата до која што дошло во кампот немирите прераснале.

Завршија работите за гаснење на пожарот во кои учествуваа 10 пожарникарни возила и 30 пожарникари, меѓутоа голем број шатори и монтажни куќи во бегалскиот камп претрпеле голема штета во пожарот.

Во меѓувреме малолетните бегалци биле оддалечени од кампот и биде однесени во безбеден центар каде што биле згрижени. 

Грчката полиција се обиде да ги врати назад неколкуте илјади бегалци кои го напуштија кампот.

Според грчки официјални податоци на островот Лезбос се сместени 5.600 бегалци што претставува многу повеќе од вкупниот капацитет за сместување на овој остров и помеѓу бегалците на кои им е здосадено поради тоа што со месеци не можат да добијат одговор на нивните барања за азил честопати доаѓа до затегнатост и кавги во кампот.  

Како што се тврди вчера во зголемувањето на напнатоста биле влијателни гласините околу тоа дека сите бегалци од островот Лезбос (турски Мидилли) ќе бидат вратени во Турција. 



Слични вести