Протести во Атина против политиките на владата за „стегање на ременот“

Стотици лица кои се собраа околу палата Запеион во Атина извикуваа слогани „Тргнете ги вашите валкани раце од нашите плати“ и „Работнику не ја наведнувај твојата глава, ќе го добиеш твоето право.“

571734
Протести во Атина против политиките на владата за „стегање на ременот“

Група демонстранти кои протестираа против политиките за тегање на ременот во Грција за кусо време ја окупираа палатата Запеион во главниот град Атина.

Стотици лица кои се собраа околу палата Запеион во Атина извикуваа слогани „Тргнете ги вашите валкани раце од нашите плати“ и „Работнику не ја наведнувај твојата глава, ќе го добиеш твоето право.“ 

Групата демонстранти по приближно тричасовната окупација на палатата Запеион се разотидoa.

Окупацијата од страна на демонстрантите, членови на Фронтот на синдикалната борба на Грција (ПАМЕ) и група пензионери доведе до одложување на симпозиумот посветен на колективните договори на кој ќе учествуваа и некои министри.

На дводневниот симпозиум ќе учествуваат и грчкиот министер за труд Георге Катругалос, австрискиот федерален министер за труд и социјални прашања Алојз Штегер и португалскиот министер за солидарност и социјална заштита Хозе Антонио Виеира да Силва.

Европските кредитори на Грција која се наоѓа во финансиска криза и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) колективните договори и законите во врска со промената на правата на работниците ги оценуваат како предуслов во точката на олеснување на долгот на земјата кој што е зголемен речиси двократно од годишниот доход на земјата. 

Грчката влада пак барањата кои што пристигнуваат од кредиторите вели дека нема да ги стави во примена со образложение дека има свои „црвени линии“.



Слични вести