Тлото во Скопје не мирува

Граѓаните во македонскиот главен град и синоќа беа вознемирени од нов потрес со сила од 4,8 степени според Рихтер

570270
Тлото во Скопје не мирува

Граѓаните во македонскиот главен град и синоќа беа вознемирени од нов потрес со сила од 4,8 степени според Рихтер

Скопје во последните 24 часа повторно беше потресено од серија потреси.

Серија од земјотреси во околината на Скопје сеуште трае а последниот потрес со сила од 4,8 степени според Рихтер ги вознемири граѓаните синоќа околу 20 часот според локално време.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека потресот бил регистриран во 19.54 часот со епицентар на околу 4 километри североисточно од Скопје на длабочина од 5 километри. Инаку вчера во 14.20 часот бил забележан потрес од 3,7 степени според Рихтер а пред тоа нешто послаб потрес во 11.50 часот со сила од 2,3 степени според Рихтер. Првиот потрес од 3,9 степени бил регистриран вчера во 6.58 часот. Дел од потресите биле почувствувани и во останатите делови на Македонија,во соседна Србија и Косово.

Скопје во последните 24 часа повторно беше потресен од неколку потреси. Центарот за управување и раководење со кризни ситуации соопшти дека биле примени околу 300 пријави од граѓани поради штета предизвикана од земјотресот.

Скопје во јули 1963 година беше погоден од силен земјотрес од 6,1 степен според Рихтер во кој загинаа над 1000 граѓани а беше уништен скоро 80 посто од градот.



Слични вести