Критичен состанок за гасоводот „Турски тек“ во Грција

На состанокот беа разменети мислења во врска со повторно остварување на гасоводниот проект „Турски тек“ и продолжувањето на гасоводот до Грција

569094
Критичен состанок за гасоводот „Турски тек“ во Грција

Во Грција се одржа критичен состанок за гасоводот „Турски тек“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во Солун се состана со рускиот потпретседател на владата Аркадиј Дворковиќ и министерот за енергетика Александр Новак.

Според грчки владини извори, тројката се собра пред отворањето на 81-от Солунски меѓународен саем.

На состанокот беа разменети мислења во врска со повторно остварување на гасоводниот проект „Турски тек“ и продолжувањето на гасоводот до Грција.

Претседателот на УО на Гаспром Алексеј Милер рече дека постои голема веројатност гасоводот „Турски тек“ од Турција да продолжи во Грција и на тој начин да се оствари испорака на природен гас во Европа.



Слични вести