ТИКА во Романија свечено отвори детска градинка и спортски комплекс

На свеченото отворање учествуваше и легендарниот фудбалер на Галатасарај, Георге Хаџи

568254
ТИКА во Романија свечено отвори детска градинка и спортски комплекс

Детската градинка и спортскиот комплекс во Романија кои беа изградени со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) свечено беа отворени од страна на потпретседателот на владата Вејсел Кајнак.

Детската градинка го доби името на основоположителот на современа Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, додека спортскиот комплекс името на подофицерот Омер Халисдемир кој загина во борбата против обидот за воен удар на 15 јули на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО/ПДЈ.

Делегацијата заедно со романските домаќини ја обиколија детската градинка на градот во кој заедно живеат Турци, Татари и Романци.

На децата им беа дадени подароци.

На свеченото отворање учествуваше и легендарниот фудбалер на Галатасарај, Георге Хаџи.

По свеченото отворање, децата одиграа натпревар чиј технички директор беше Хаџи.



Слични вести