Пронајдено местото каде се срушил германскиот комерцијален авион во близина на Скопје

Во објавеното соопштение од македонското министерство за внатрешни работи се истакнува дека авионот кој што исчезнал во вечерните часови се срушил во близина на селото Коже на 6 километри од Катланово кај Скопје

566623
Пронајдено местото каде се срушил германскиот комерцијален авион во близина на Скопје

Пронајдено местото каде се урнал комерцијалниот авион во сопственост на Германија кој исчезнал од радарот и од кој не можеле да се добијат сигнали додека летал во близина на Скопје.

Во објавеното соопштение од македонското министерство за внатрешни работи се истакнува дека авионот кој што исчезнал во вечерните часови се срушил во близина на селото Коже на 6 километри од Катланово кај Скопје. 

Во соопштението не беа дадени информации во врска со судбината на лицата кои се наоѓале во срушениот авион и беше истакнато дека на местото на несреќата биле испратени медицински екипи и безбедносни сили.

Портпаролката на македонското министерство за внатрешни работи Дејана Неделковиќ изјави дека во комерцијалниот авион се наоѓале 6 лица од кои четворица Италијанци и двајца државјани на Косово.

Недолковиќ истакна дека лицата кои се наоѓале во авионот од италијанскиот град Тревизо патувале за Приштина.

Претходно беше соопштено дека авионот вчера во вечерните часови на 10 километри од аеродромот Александар Велики во Скопје исчезнал од радарот на Контролата на летање на скопскиот аеродром.

Потоа по реализираните истражувања беше утврдено дека авионот за кој станува збор се срушил во близина на селото Коже на 6 километри од Катланово кај Скопје.



Слични вести