Поддршка од Романија на турскиот народ и легитимните државни установи

Турција, како земја членка на НАТО е значаен регионален актер и стратешки партнер на Романија

564977
Поддршка од Романија на турскиот народ и легитимните државни установи

Министерот за надворешни работи на Романија Лазар Команеску изрази поддршка на турскиот народ и легитимните државни установи.

Романскиот министер Команеску во говорот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Братислава го осуди обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули.

Команеску рече: Ги подржувам сите напори на Турција за надминување на кризата која се појави по обидот за воен удар врз демократските установи и владата на Турција.

Министерот Команеску додаде дека Турција, како земја членка на НАТО е значаен регионален актер и стратешки партнер на Романија.

Романија го поддржува процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ, рече министерот Команеску и потенцираше дека треба да зајакнат односите меѓу ЕУ и Турција.



Слични вести