Два американски борбени авиони привремено ќе ја поддржат воздушната одбрана на Бугарија
Бугарија и самата може да го брани својот воздушен простор

Бугарскиот министер за одбрана Николај Ненчев кој го изнесе тврдењето дека руските борбени авиони честопати се приближуваат кон воздушниот простор на земјата, рече дека два американски борбени авиони привремено ќе ја поддржат воздушната одбрана на Бугарија.
Во рамките на соработката на двете земји под покровителство на НАТО, два американски авиони од 9 до 16 септември ќе дадат поддршка на бугарските МиГ29 кои се на задача, рече министерот Ненчев и додаде дека поддршката ќе се реализира со одобрение од страна на нашата влада, додека трошоците ќе бидат намирени од страна на САД. Бугарија нема да сноси никакви трошоци.
Бугарскиот министер Ненчев меѓудругото истакна дека и Бугарија самата може да го брани својот воздушен простор, потсетувајќи дека во рамките на воената соработка со Полска, за одржување на бугарските МиГ29 биле потрошени 30 милиони евра.