Во Србија изгласана доверба за новата влада на Вучиќ

Именувањето на Ана Брнабиќ за министерка, која е лезбејка, од страна на заедницата ЛГБТ беше оценето како „историски момент“

550715
Во Србија изгласана доверба за новата влада на Вучиќ

Новата влада на претседателот на Српската партија за напредок (СНС) и премиер Александар Вучиќ ја доби довербата на Собранието.

На гласањето за доверба на новата влада по тридневните жестоки дискусии во Собранието на Србија, новата влада на премиерот Вучиќ ја доби доврбата на 163 пратеници кои гласаа за, додека 62 пратеници гласаа против. 24 пратеници не учествуваа на гласањето.

Претседателката на Собранието Маја Гојковиќ по гласањето за доверба, му честиташе на премиерот Александар Вучиќ и членовите на новата влада.

Новите членови на владата, по положувањето на заклетвата ќе почнат со должноста.

Новата влада на Србија се состои од следните имиња:

Премиер Александар Вучиќ, потпретседател на владата и министер за надворешни работи Ивица Дациќ, потпретседател на владата и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, потпретседател на владата и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ, потпретседател на владата и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, министер за финансии Душан Вујовиќ, министер за економија Горан Кнежевиќ, министер за одбрана Зоран Џорџевиќ, министер за земјоделство и екологија Бранислав Недимовиќ, министер за рудасртво и енергетика Александар Антиќ, министер за правда Нела Кубуровиќ, министер за јавна администрација Ана Брнабиќ, министер за образование, наука и технолошки развој Младен Сарчевиќ, министер за здравство Златибор Лончар, министер за труд, вработување и социјални политики Александар Вулин, министер за младина и спорт Вања Удовичиќ, министер за култура и информации Владан Вукосављевиќ, министри без ресори Јадранка Јоксимовиќ, Славица Џукиќ Дејановиќ и Милан Кркобабиќ.

Во меѓувреме, именувањето на Ана Брнабиќ за министерка, која е лезбејка, од страна на заедницата ЛГБТ беше оценето како „историски момент“ .

Брнабиќ е првата лезбејка во историјата на владата на Србија.



Слични вести