ОН го критикуваше казнувањето со казна затвор на имигрантите и бегалците во Бугарија

Најзначаен проблем од аспект на човековите права во Бугарија е апсењето на имигрантите и бегалците кои по илегален пат влегле во земјата

550692
ОН го критикуваше казнувањето со казна затвор на имигрантите и бегалците во Бугарија

ОН го критикуваше казнувањето со казна затвор на имигрантите и бегалците кои по илегален пат влегоа во Бугарија и предупреди дека тоа претставува прекршување на меѓународното право.

Високиот комесар на ОН за човекови права Заид Раад ал Хусејин, по двете посети на Бугарија објави писмено соопштение во кое ги сподели проценките на ситуацијата.

Хусејин во соопштението истакна дека најзначаен проблем од аспект на човековите права во Бугарија е апсењето на имигрантите и бегалците кои по илегален пат влегле во земјата, а што е полошо, на истите им се суди и се испраќаат дури во затвор.

Хусејин посочи на лошата состојба и понижувачкото ниво на некои центри за притвор во Бугарија.

Хусејин реагираше на политиката на бугарските медиуми и печатот против имигрантите и рече дека убиствата на некои имигранти од страна на одредени бугарски вооружени групи на бугарско-турската граница, навистина предизвикува загриженост.

Порастот на исламофобијата, непријателството кон странците (ксенофобијата) и расизмот во Европа, претставува најголема опасност и загриженост против човековите права. Особено алармантната состојба наспроти непреземањето никакви мерки и санкции од страна на Бугарската влада уште повеќе ја зголемува постоечката загриженост па дури ја зголемува нетолеранцијата, рече Хусејин.



Слични вести