Амбасадорот Шолендил: Турција е спремна да и помогне на Македонија поради поплавите

Амбасадорот на Турција во Скопје Омур Шолендил изјави дека по катастрофата од поплави вчера веднаш стапил во контакт со министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Турција со кои разменил мислења во врска со прашањето

547583
Амбасадорот Шолендил: Турција е спремна да и помогне на Македонија поради поплавите

Турција истакна дека е подготвена да и ја достави секој вид помош на Република Македонија поради поплавите предизвикани од поројните врнежи од дожд кои ги зафатија подрачјата на главниот град Скопје и Тетово и во кои животот го загубија 21 лице.

Амбасадорот на Турција во Скопје Омур Шолендил изјави дека по катастрофата од поплави вчера веднаш стапил во контакт со министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Турција со кои разменил мислења во врска со прашањето.

Велејќи дека македонското министерство за надворешни работи реализира активности за утврдување на причинетата штета во погоденото подрачје, амбасадорот Шолендил рече: „Побаравме список со неопходни потреби. Во контакт сме со Управата за елементарни непогоди и итни состојби при владата (АФАД) и со министерствата за надворешни работи на двете земји. Откако ќе биде доставен до нас списокот со потреби и ние веднаш ќе го направиме неопходното во рамките на нашите можности.“

Амбасадорот Омур Шолендил истакна дека своите активности за доставување помош на населението во погодените подрачја ги продолжува и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

„Сите заедно ги правиме неопходните подготовки за доставување на неопходната помош на пријателска и братска Македонија.“ - рече Шолендил.

Во меѓувреме, поради смртта на 21 лице во поплавите предизвикани од поројните врнежи од дожд владата на Македонија прогласи еднодневна жалост (денеска) во земјата.

Македонската влада на својата синоќешна вонредна седница исто така прогласи кризна состојба во наредните 15 дена во подрачјата на главниот град Скопје и Тетово кои беа погодени од поројни врнежи од дожд.



Слични вести