Митинг за поддршка на претседателот Ердоган во Македонија

Митингот во Радовиш се одржа под мотото „Поддршка на народната волја, не против воениот удар“

546189
Митинг за поддршка на претседателот Ердоган во Македонија

Продолжуваат реакциите во светот против терористичката организација Фетулахчи паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ).

Синоќа во знак на реакција против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ и поддршка на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Македонија се одржа митинг.

На митингот во градот Радовиш што се одржа под покровителство на Сојузот на турски невладини организации во Македонија, учествуваа претставници на амбасадата на РТ во Скопје, претставници на турските установи и организации и голем број граѓани.

Учесниците на митингот истакнаа дека се собраа во знак на поддршка на Турција и претседателот Ердоган во борбата против терористичката ФЕТО.

На митингот што се одржа под мотото „Поддршка на народната волја, не против воениот удар“ демонстрантите со турски знамиња во рацете доживеаја  радосни моменти во придружба на маршевите кои свиреа.

Од друга страна пак, уште еден силен удар против терористичката ФЕТО пристигна и од Унгарија.

Министерството за надворешна трговија и надворешни работи на Унгарија соопшти дека ќе започнат истрага против училиштата и образовните установи на терористичката организација ФЕТО во земјата.

Владата на Унгарија соопшти дека остро го осудува обидот за воен удар во Турција и дека се во солидарност со Владата на Турција и претседателот кои беа избрани по демократски пат.



Слични вести