Грчкиот парламент го одобри предлогот за изградба џамија во Атина

Џамијата Цистараки од Османлискиот период се употребува како музеј

545509
Грчкиот парламент го одобри предлогот за изградба џамија во Атина

По дискутабилна седница, грчкиот парламент го одобри предлогот за изградба џамија во Атина.

Предлогот за изградба на џамијата кој до Парламентот беше доставен во рамките на поддршката на обновливите енергетски извори и нивната дистрибуција, беше усвоен со 210 гласови на Коалиционата влада и некои пратеници од опозицијата.

На гласањето во грчкиот парламент кој брои 300 пратеници, учествуваа 230 пратеници. Пратениците на помалиот коалиционен партнер Партијата независни Грци (АНЕЛ) и екстремната десничарска партија Златна зора, гласаа против предлогот.

Грчката влада планира на просторот од 17 хектари на кој се простира еден хангар да се претвори во молитвен дом за 350 лица.

Џамијата Цистараки од Османлискиот период се употребува како музеј.

Атина е единствениот европски град во кој нема џамија, поради што муслиманите се принудени намазот да го клањаат во гаражи и подруми.



Слични вести