Грција бара план „Б“ во врска со договорот за реадмисија меѓу Турција и ЕУ

Грчкиот министер одговорен за миграција Јанис Музалас посака план „Б“ наспроти можноста од откажување на Турција од договорот за реадмисија кој што беше потпишан со ЕУ во март

544063
Грција бара план „Б“ во врска со договорот за реадмисија меѓу Турција и ЕУ

Грчкиот министер одговорен за миграција Јанис Музалас во интервју за германскиот весник „Билд“ упатувајќи повик до ЕУ по прашањето на договорот за реадмисија меѓу Турција и ЕУ рече: „Мошне сме загрижени и во секој случај имаме потреба од план ’Б’.“

Грчкиот министер Музалас посака план „Б“ наспроти можноста од откажување на Турција од договорот за реадмисија кој што беше потпишан со ЕУ во март.

Властите во Атина се вознемирени во случај на раскинување на постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ од 18 март повторно да дојде до масовен бран илегални мигранти на своите острови особено во близина на турските крајбрежја.

Обраќајќи им се и на земјите членки на ЕУ кои и покрај дадените ветувања не примија бегалци, Музалас рече: „Бегалците треба да се распределат урамнотежено во сите европски земји, а не само во некои земји.“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека доколку до октомври не биде исполнет членот за визна либерализација за турските граѓани ќе пропадне и постигнатиот договор за реадмисија меѓу Турција и ЕУ.



Слични вести