Продолжуваат реакциите во светот против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ

Илјадници граѓани во Сараево под слоганот „Цврсто стои, не се наведнувај, Босна и Херцеговина те поддржува“ дежураа за чување на демократијата

541073
Продолжуваат реакциите во светот против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ
paris fetö protesto.jpg

Продолжуваат реакциите во светот против терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) која на 15 јули се обиде да изврши воен удар во Турција.

Илјадници граѓани во Сараево под слоганот „Цврсто стои, не се наведнувај, Босна и Херцеговина е со тебе“ дежураа за чување на демократијата.

Демонстрантите кои се собраа на иницијатива на Здружението на турските бизнисмени во Босна и Херцеговина и десетици невладини организации кои делуваат во Босна, изразија поддршка на турската влада и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Учесниците на протестите ги покажаа своите реакции против терористичката организација Фетулахчи и ја изразија загриженоста и незадоволството од училиштата и економската структура на терористичката организација кои особено предизвикуваат загриженост кај Турците на Балканот.

На протестите на кои освен турските граѓани кои живеат во Босна и Херцеговина, учествуваа и голем број претставници на различни установи и организации, политичари и академици, преку џиновските екрани им беше пренесена атмосферата и говорот на претседателот Ердоган на комеморативната програма за шехидите што се одржа во претседателскиот дворец.

Претставниците на турските невладини организации во Париз го осудија обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО.

На манифестацијата која беше подржана од страна на Амбасадорот на Република Турција во Париз, Ихсан Емре Кадиоглу и конзулот на Турција во Париз Муслум Ајѓун, претседателот на претставништвото на Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени на париз Хакан Јалајџи ја прочита заедничката декларација во која беше осудена терористичката организација.



Слични вести