Величествен митинг за поддршка на Ердоган во Скопје

Митингот во Скопје беше уште еден во низата митинзи за поддршка на Турција и претседателот Ердоган после обидот за воен удар на 15. јули годинава реализиран од страна на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ

539607
Величествен митинг за поддршка на Ердоган во Скопје

Вечерва во 20.00 часот на плоштадот  Филип 2. кој што се наоѓа на патот што води од Скопската чаршија до Камениот мост се одржa масовен митинг за поддршка на Турција и на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Митингот во Скопје е уште еден во низата митинзи за поддршка на Турција и на претседателот Ердоган после обидот за воен удар на 15. јули годинава реализиран од страна на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.

Организатор на митингот беше МАТУСИТЕБ-сојуз на турски невладини организации во Македонија, а истиот се одржа под мотото „Почит кон народната воља,Не на воениот удар“.

На повикот на организаторот за учество на митингот се одзваа голем број Турци од Скопје како и од останатите градови во Македонија.



Слични вести