Стој цврсто, не потклекнувај, Босна и Херцеговина е со тебе

Манифестацијата ќе се одржи на иницијатива на Здружението на турско-босанските индустријалци (ТУБСИАД) и 17 невладини организации во земјата

539705
Стој цврсто, не потклекнувај, Босна и Херцеговина е со тебе

Утре навечер на историскиот плоштад Башчаршија во Сараево ќе се одржи собир за поддршка на демократијата „Стои цврсто, не потклекнува, Босна и Херцеговина е со тебе“.

Манифестацијата ќе се одржи на иницијатива на Здружението на турско-босанските индустријалци (ТУБСИАД) и 17 невладини организации во земјата, во знак на реакција против обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи – паралелни државни структури ФЕТО/ПДЈ и поддршка на турската влада и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Според писменото соопштение објавено од страна на ТУБСИАД, народот на Босна и Херцеговина остро го осудува обидот за воен удар во Турција и беше подвлечено дека сите оние кои што се обидоа да го уништат единството и братството на Турција, никако не успеаја во својата цел и не ќе можат да успеат. Како вчера, така и дене и во иднина, турскиот народ цврсто ќе се спротивстави на овие зла.

Она што се сакаше да се изврши во Турција, многу добро треба да се анализира од страна на сите земји во светот, беше истакнато во соопштението и беше подвлечено дека во Турција беше извршен обид за вон удар против народната волја. Затоа, земајќи ги во предвид овие факти, изнесете го вашиот став и реакција.

На собирот за поддршка во Сараево, освен Турците кои живеат во оваа земја, ќе учествуваат и граѓаните на Босна и Херцеговина и ќе се прочита заедничката декларација на 18 невладини организации.



Слични вести