8-те војници-пучисти кои пребегаа во Грција од Дедеагач однесени во затвор кај Атина

Војниците-пучисти ќе бидат сместени во Олимпиското село кое е прилично далеку од главниот град Атина и во кое за време на Олимписките игри во 2004 година во Атина беа сместени спортистите, а во моментов се користи како полициски центар

535863
8-те војници-пучисти кои пребегаа во Грција од Дедеагач однесени во затвор кај Атина

8-те војници-пучисти кои учествуваа во обидот за воен удар на 15 јули на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, а потоа со хеликоптерот во кој се наоѓаа пребегаа во Дедеагач (Александрополис) во соседна Грција, оттука беа однесени во еден затвор кај главниот град Атина. 

Војниците-пучисти ќе бидат сместени во Олимпиското село во кое за време на Олимписките игри во 2004 година во Атина беа сместени спортистите, а во моментов се користи како полициски центар.

Пучистите се ставени во две ќелии со капацитет од по 10 лица, додека причина поради која беа сместени во овој центар е тоа што овде безбедноста и условите за живот се подобри.

8-те војници-пучисти вчера во пладневните часови од Кавала беа однесени во Атина каде што ќе останат до разговорите во Комисијата за азил кои ќе се одржат во средата.

Во судскиот процес чие рочиште се одржа завчера на војниците-пучисти со обвинение за незаконско влегување во земјата им беа изречени затворски казни во траење од по два месеци.

Оваа изречена затворска казна може да се одложи за три години и доколку војниците-пучисти во текот на ова време не бидат замешани во друго кривично дело истата нема да се применува. 

Меѓутоа согласно административната одлука војниците ќе продолжат да останат во затвор се додека не биде дефинирана одлуката во врска со нивното барање за азил во Грција.

Поднесените барања на војниците-пучисти за политички азил во Грција се предвидува да бидат разрешени најдоцна во рок од 3 недели.

Турција достави барање до Грција за нивна екстрадиција.



Слични вести