Еден воен хеликоптер на членовите на терористичката ФЕТО побегна во Дедеагач (Александрополис)

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека во хеликоптерот се наоѓале 8 лица од кои еден цивил

530589
Еден воен хеликоптер на членовите на терористичката ФЕТО побегна во Дедеагач (Александрополис)

Еден воен хеликоптер на членовите на терористичката организација ФЕТО која се обиде да изврши воен удар побегна во Дедеагач (Александрополис) во Грција.

Според веста на Атинската новинска агенција, турскиот воен хеликоптер кој бараше дозвола за слетување од грчките власти, се спушти на една писта во Дедеагач кој се наоѓа во близината на границата меѓу двете земји.

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека во хеликоптерот се наоѓале 8 лица од кои еден цивил.

Во веста беше изнесено тврдењето дека овие лица барале азил од Грција.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во врска со слетувањето на хеликоптерот во Дедеагач во кој се наоѓаа 8 лица, приврзаници на терористичката организација ФЕТО рече дека побарале веднаш да бидат предадени 8 кукавички војници кои со хеликоптер побегнаа во Грција.



Слични вести