Во Поточари погребани уште 127 жртви од геноцидот во Сребреница

На комеморациите на кои Турција ја претставуваше министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваа голем број политичари, верски личности, претставници на меѓународни организации, дипломати и десетици илјади граѓани

527286
Во Поточари погребани уште 127 жртви од геноцидот во Сребреница
srebrenitsa cenazeler2.jpg
srebrenitsa cenazeler1.jpg

Во Меморијалниот центар Поточари се погребани посмртните останки на уште 127 новоидентификувани жртви од геноцидот во Сребреница кој се прифаќа како најголема доживеана човечка трагедија во Европа по Втората светска војна.

На комеморациите на кои Турција ја претставуваше министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваа голем број политичари, верски личности, претставници на меѓународни организации, дипломати и десетици илјади граѓани.

Делегациите пред џеназе намазот (погребниот намаз-молитва) најпрвин оставија цвеќиња на споменикот на геноцидот во Меморијалниот центар Поточари, а потоа им оддадоа почит со едноминутно молчење на жртвите. 

Претседателот на Исламската верска заедница на Босна и Херцеговина Хусеин Кавазовиќ во говорот што го одржа по џеназе намазот посака уште еднаш ниако да не се доживеат нови Сребреници.

Кавазовиќ рече: „Нашата болка нека биде надеж, нашата одмазда нека биде правда, а солзите на мајките нека бидат дова-молитва. Повеќе никој да не ја доживее Сребреница.“

По одржаните говори беа прочитани имињата на 127-те новоидентификувани жртви од геноцидот чии посмртни останки потоа од страна на нивните блиски и големиот број граѓани беа погребани со солзи.

По денешната погребна церемонија бројот на закопаните жртви во Меморијалниот центар Поточари изнесува 6.504 лица.

За време на војната во Босна, Сребреница која од страна на ОН беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

Повеќе од 8 илјади Бошњаци кои беа качени во автобуси и камиони беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.



Слични вести