Врховниот административен суд ја одби жалбата за изградба на џамијата во Вотаникос во Атина

При изградбата на верските објекти, не треба да се предвиди евентуалното неповолно влијание на истите врз околината

525650
Врховниот административен суд ја одби жалбата за изградба на џамијата во Вотаникос во Атина

Државниот совет на Грција во улога на Врховен административен суд ја одби жалбата за изградба на џамијата во подрачјето Вотаникос во Атина.

4-то одделение на Државниот совет ја разгледа жалбата на 111 лица кои се дефинираа како православни христијани грчки државјани дека изградбата на џамијата негативно ќе се одрази врз околината.

Во одлуката на државниот совет беше истакнато дека при изградбата на верските објекти, не треба да се предвиди евентуалното неповолно влијание на истите врз околината, и дека изградбата на објектот, односно дали е во согласност со законските услови се контролира дури по завршувањето на изградбата.

Грчката Влада на просторот на стариот хангар кој се простира на површина од 17 хектари во населбата Елеона во подрачјето Вотаникос а кое се наоѓа под контрола на Министерството за образование планира да изгради место за клањање за 350 лица. Тендерот на џамијата заврши пред две години и за изградбата на џамијата беа издвоени околу еден милион евра средства од фондот ЕСПА подржан од ЕУ. Проектот беше одобрен од страна на министерството за инфраструктура на Грција.

Атина е единствениот европски град во кој нема џамија, поради што муслиманите намазите ги клањаа во гаражи или подруми.



Слични вести