Во Незук започна традиционалниот „Марш на мирот“

Над 5 илјади лица рано изутрина почнаа да пешачат по „патот на смртта“  како што инаку е познат овој марш меѓу народот

525805
Во Незук започна традиционалниот „Марш на мирот“

Со учество на илјадници лица, во Незук започна традиционалниот „Марш на мирот“ по патеката која од страна на бегалците од геноцидот во Сребреница се користеше како единствен излез за бегство во „безбедната зона“ Тузла.

Над 5 илјади лица рано изутрина се собраа во гратчето Незук во централна Босна и Херцеговина, кои во знак на одбележување на најголемиот геноцид и човечка трагедија по Втората светска војна во Европа пешачеа по „патот на смртта“  како што инаку е познат овој марш меѓу народот, а кој се користеше за бегство на Бошњаците од геноцидот и масакрите во Сребреница.

Учесниците на маршот, по околу 100 км пешачење на 10 јули ќе пристигнат во меморијалниот центар Поточари каде што ќе бидат погребани посмртните остатоци на останатите жртви на геноцидот.

Во рамките на годинашниов 12-ти Марш на мирот, учесниците секој ден ќе пешачат по 35 км и по три дена ќе пристигнат до меморијалниот центар.

Ноќите ќе го поминат на претходно утврдените пунктови во шумата и ќе бидат информирани за генноцидот.



Слични вести