Оваа година на 11 јули ќе бидат погребани уште 127 жртви од геноцидот во Сребреница

Оваа година на одбележувањето на 21-годишнината од геноцидот во Сребреница ќе бидат погребани 127 новоидентификувани жртви

523780
Оваа година на 11 јули ќе бидат погребани уште 127 жртви од геноцидот во Сребреница

Бројот на новоидентификуваните жртви кои ќе бидат погребани на годинашните комеморации по повод одбележувањето на 21-годишнината од геноцидот во Сребреница кој се прифаќа за најголема човечка трагедија во Европа по Втората светска војна, се зголеми на 127.

Портпаролката на Институтот за исчезнати лица во Босна и Херцеговина Лејла Џенгиќ истакна дека завршиле работите за утврдување на идентитетот на 127 од посмртните останки на жртвите кои се чуваат во Институтот за судска медицина во Тузла и дека 127 новоидентификувани жртви ќе бидат погребани во Меморијалниот центар Поточари.

Џенгиќ рече дека 12 од жртвите кои ќе бидат погребани оваа година се под 18 годишна возраст и дека најмладата жртва Авдија Мемиќ имал 14 години кога бил убиен, а најстарата жртва Мустафа Хаџовиќ имал 77 години.

За време на војната во Босна, Сребреница која од страна на ОН беше прогласена за „безбедна зона“ на 11 јули 1995 година беше окупирана од страна на српските единици предводени од српскиот генерал Ратко Младиќ.

Бошњачките цивили кои по окупацијата се засолнаа кај холандските војници од контингентот на мировните сили на ОН им беа предадени на српските сили.

8.372 Бошњаци кои беа качени во автобуси и камиони беа ѕверски измасакрирани во шумата, во фабрики и во магацини, а потоа беа закопани во масовни гробници.

Посмртните останки на жртвите кои што со текот на времето се откриваат во голем број масовни гробници по утврдување на нивниот идентитет се погребуваат во Меморијалниот центар Поточари каде што секоја година на 11 јули се одржуваат комеморации во чест на сеќавање на жртвите во геноцидот во Сребреница.



Слични вести