Турскиот јазик прогласен за трет официјален јазик во Кичево
Собранието на Општина Кичево донесе одлука турскиот јазик да биде прогласен за трет официјален јазик, покрај македонскиот и албанскиот

Со донесена одлука од страна на собранието на Општина Кичево турскиот јазик покрај македонскиот и албанскиот е прогласен за трет официјален јазик.
Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари истакна дека поаѓајќи од принципот на човекови права и еднаквост согласно правата кои произлегуваат од законот за локална самоуправа турскиот јазик е прогласен за трет официјален јазик во Кичево.
Велејќи дека оваа одлука на општината е дочекана позитивно во јавноста и дека е прифатена со големо задоволство од страна на Кичевчани, Дехари рече: „Се надеваме дека овој чекор што го фрливме ние ќе се одрази и надвор од Кичево во пошироката јавност.“
Турскиот јазик во Македонија е во употреба како официјален јазик и во општините Студеничани, Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа, Пласница, Чаир и Дојран.