Се ниша коалиционата влада во Хрватска: Карамарко поднесе оставка на функцијата вицепремиер

Вицепремиерот Карамарко истакна дека поднесува оставка на должноста и оваа своја оставка ја оцени како позитивна иницијатива за надминување на кризата

512128
Се ниша коалиционата влада во Хрватска: Карамарко поднесе оставка на функцијата вицепремиер

Недоразбирањето помеѓу двајцата вицепремиери Божо Петров и Томислав Карамарко во хрватската коалициона влада која беше составена пред само четири месеци доведе до политичка криза во земјата.

Опозицијата побара да се покрене иницијатива во хрватскиот Парламент, Саборот за гласање недоверба на претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Томиислав Карамарко кој ја извршува функцијата вицепремиер во коалиционата влада.

Потоа откако и пратениците на партијата Мост која исто така е коалиционен партнер во владата истакнаа дека ќе гласаат против Карамарко дојде до зголемување на тензијата во владата.

Премиерот Тихомир Орешковиќ кој не можеше да ги помири своите двајца заменици побара да поднесат оставка.

Вицепремиерот Карамарко истакна дека поднесува оставка на должноста и оваа своја оставка ја оцени како позитивна иницијатива за надминување на кризата.

Карамарко упати повик да бидат направени измени во владата и ги повика на оставка и вицепремиерот Божо Петров и премиерот Тихомир Орешковиќ.

Во меѓувреме вицепремиерот Петров истакна дека е подготвен да поднесе оставка, но како што рече под услов Орешковиќ да остане на должност како премиер.



Слични вести