Падна коалиционата влада на премиерот Орешковиќ

На гласањето во хрватскиот Парламент, Саборот од вкупно 135 пратеници колку што учествуваа на гласањето со гласовите на 125 пратеници му беше изгласана недоверба на премиерот Тихомир Орешковиќ

512465
Падна коалиционата влада на премиерот Орешковиќ

Падна коалиционата влада на премиерот Тихомир Орешковиќ која беше формирана пред само четири месеци по одржаните парламентарни избори на 8 ноември.

На гласањето во хрватскиот Парламент, Саборот од вкупно 135 пратеници колку што учествуваа на гласањето со гласовите на 125 пратеници му беше изгласана недоверба на премиерот Тихомир Орешковиќ.

Поради тоа што изгласаната недоверба на Орешковиќ важи за сите членови на владата оваа изгласана недоверба доведе и до пад на влада.

Актуелната влада на Хрватска ќе остане на должност до изборот на нова влада.

Коалиционите разговори за формирање нова влада треба да завршат во рок од 30 дена и потоа ќе биде формирана новата коалициона влада на Хрватска.

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) која излезе како победник од изборите на 8 ноември стои на алтернативата за формирање на нова коалициона влада, додека опозиционите партии застануваат во одбрана дека треба да се оди на предвремени избори.



Слични вести