Грција продолжува да ги празни бегалските кампови на границата со Македонија

Високиот комесаријат на ОН за бегалци соопшти дека за викендот во Италија биле спасени над 3 илјади бегалци

511194
Грција продолжува да ги празни бегалските кампови на границата со Македонија
yunanistan sığınmacılar.jpg

По празнењето на кампот Идомени, околу 3 илјади бегалци во околните неофицијални кампови со автобуси неа пренесени во официјалните кампови.

На новинарите не им беше дадена дозвола да влезат во камповите за време на празнењето.

Во Грција се наоѓаат околу 57 илјади бегалци поради што во услуга ќе бидат пуштени уште 12 кампови.

Продолжува опасното патување на бегалците во Европа.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци соопшти дека за викендот во Италија биле спасени над 3 илјади бегалци.

Екипите на крајбрежната стража само во неделата спаси 1230 бегалци.

Од почетокот на 2016 година наваму околу 200 илјади бегалци успеаја да го поминат Средоземното море и да пристигнат со Европа.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), во првите пет месеци на годинава беа спасени 3100 бегалци.

Лани загинаа 5 400, а во последните 20 години над 55 илјади ги загубија животите во опасното патување кон надежта.



Слични вести