Двајцата лидери на Кипар, Акинџи и Анастасиадис остварија телефонски разговор

Претседателот Мустафа Акинџи го побара по телефон Анастасиадис со кого разговараа по прашањето на забрзување на процесот за отворање на премините Деринја и Аплич во рамките на преговорите за мерките за зголемување на довербата

510125
Двајцата лидери на Кипар, Акинџи и Анастасиадис остварија телефонски разговор

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи оствари телефонски разговор со кипарско-грчкиот лидер Никос Анастасиадис.

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот, претседателот Акинџи го побарал по телефон Анастасиадис со кого разговарале по прашањето на забрзување на процесот за отворање на премините Деринја и Аплич во рамките на преговорите за мерките за зголемување на довербата.

Во соопштението се истакнува дека во телефонскиот разговор била потврдена согласноста во правец на забрзување на процесот за отворање на премините помеѓу двете страни на поделениот остров Кипар.

Освен тоа во соопштението се вели дека претседателот Мустафа Акинџи одржал состанок со функцинерите на Програмата за развој на ОН (УНДП), Канцеларијата за поддршка на ЕУ и Мировните сили на ОН.

На состанокот беше разговарано за прашањето на забрзување на процесот на изградба на патот од страна на Програмата за развој на ОН за отворање на премините Деринја и Аплич.

Акинџи побара од функционерите на ОН и ЕУ интензивно да бидат преземени неопходните чекори по ова прашање.

Страните на преговорите кои беа започнати наново на 15 мај и кои беа одржани под посредништво на специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за Кипар Еспен Барт Еиде, во рамките на мерките за зголемување на довербата се договорија по прашањето на отворање на премините Аплич и Деринја.



Слични вести